Ете го, пристигна: Лампард пред промоција во Челзи! (ФОТО)

twitter.com/TweetChelseaUK

Уште од претходно се шпекулира доаѓањето на легендата на Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а до сега беше менаџер на Дерби каунти.

Со него во Челзи доаѓаат Џоди Морис и Крис Џонс, како дел од стручниот штаб, но не и тренерот на голманите, Шеј Гивен.

Челзи ќе му плати околу пет милиони евра на Дерби, а британските медиуми пренесуваат дека Лампард ќе потпише договор на три години, вреден 15 милиони, односно со годишна заработка од пет милиони евра.

Дерби веќе пронајде ново тренерско име во легендарниот Филип Коку кој своевремено го водеше Фенербахче на нашиот Елиф Елмас.

Се поставува прашањето, кои ќе бидат првите одлуки на Лампард во Челзи? Некои заборавени навики се враќаат, се очекува дел од најталентираните играчи да тренираат со сениорите.

Да додадеме уште дека Марио Пашалиќ потпиша нов договор со лондонските „сини“ кој ќе трае до 2022 година и ќе се врати во Аталанта на позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот