Естонскиот селектор одбра 15 кошаркари за квалификацискиот турнир во Перм

фото: FibaEurope

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Естонија, Јука Тоијала одлучи на квалификацискиот турнир во Перм, Русија, да настапи со 15.кошаркари, а се надева дека во тимот ќе биде Сандер Раиесте.

Неивесноста за настапот на играчот на Басконија ќе потрае, бидејќи тој има обврски кон клубот од Баскија во шпанскиот Куп.

Во Русија сигурно нема да патуваат Слим Сандер Вене, Мартин Пасоја, Кристијан Кицинг и Слим Маркус Пост. Кер Крииса е во САД, без довола од Универзитетот Аризона да го ослободи за февруарскиот „прозорец“. Здравствени проблеми има и Сајмон Сут.
Естонија ќе одигра три натпревари во Перм. Прво, на 19. февруари, против Италија, на 21 феврари е дуелот со Русија, а еден ден подоцна е веројатно и решавачкиот меч, против нашиот национален тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот