Естонската министерка за образование поднесе оставка од морални причини: Со владин автомобил ги носела децата на училиште

Фото: EPA/VALDA KALNINA

Естонската министерка за образование, Маилис Репс, денеска поднесе оставка на функцијата по медиумските извештаи дека користела државно возило и возач за да ги носи своите деца на училиште, јави агенцијата ДПА.

Според таблоидот „Охтулехт“, возач од министерството повеќе пати го користел владиниот автомобил за да ги однесе и земе нејзините деца од училиште.

– Се најдов под силен притисок да ја усогласам улогата на министер и на мајка. Признавам дека направив грешки и се извинувам, напиша 45-годишната Репс на Фејсбук.

Агенцијата ДПА пренесува дека по обелоденување на скандалот, Репс признала и дека неодамна повеќе пати го користела владиниот автомобил за приватни цели.

Премиерот Јури Ратас, кој ја бранеше Репс, рече дека со жалење ја прифатил оставката на неговата сопартијка.

Таа е трет член на владата што ја напушти функцијата овој месец, додава ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот