Естонија ја зајакнува одбраната, купува американски ракетен систем ХИМАРС

Ракетен систем ХИМАРС
ХИМАРС / EPA/FRANCIS R. MALASIG

Естонија, земја-членка на НАТО, која граничи со Русија, ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети со купување на високотехнолошкиот американски ракетен систем ХИМРАС.

Договорот, кој е најголемиот проект за набавка на оружје во историјата на балтичката земја, беше потпишан вчера и е вреден повеќе од 200 милиони долари. Договорот вклучува и муниција и обука за управување со системот.

Предвидено е американската компанија „Локхид Мартин” да почне со испорака на системот во 2024 година.

Соседите на Естонија, Летонија и Литванија веќе го купија или исто така се во процес на купување на артилерискиот ракетен систем ХИМРАС.

На почетокот на руската иунвазија, САД испорачаа ракетни системи на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот