Еспер: САД успешно ја имплементираат Националната стратегија за одбрана

Марк Еспер / Фото: ЕПА

Шефот на Пентагон, Марк Еспер синоќа во обраќање до воените сили по повод годишнината од стапувањето на функција истакна дека „Министерството за одбрана успешно ја имплементира Националната стратегија за одбрана во епохата на натпревар меѓу големите сили”

-САД се спротиставуваат на Кина и Русија, кои се нашите главни стратешки соперници, истакна тој во обраќањето.

Додаде дека во текот на изминатите 12 месеци министерството ги задржало агресивните дејства вршени од земјите-одметници, како Северна Кореја и Иран и „блиските конкуренти Кина и Русија”.

Според министерот, примери за такво задржување се поддршка за контратерористички операции, благодарејќи на што „од военото поле беа отстранети десеттина терористи, се оддржа нашето лидерство во Коалицијата за пораз на ИД, чија работа резултираше во уништување на калифатот во Ирак и Сирија; се зачува слободната навигација и комерција во спорните води, од Персиски Залив до Јужно Кинеско Море”.

Други резултати постигнати изминатава година се подобрената спремност  на НАТО со обезбедување зголемени трошоци за одбрана на сојузниците за повеќе од 130 милијарди долари и удвојување на бројот на земји кои се спремни за одбрана да потрошат два отсто од своите БДП до 2021 година.

Еспер истакна дека „ние сме посебно горди на над 60.000 униформиран и цивилен персонал ангажиран во одговорот на нацијата на пандемијата од коронавирус уште од првиот ден во јануари, вклучувајќи 47.000 членови на Националната гарда и приближно 4.200 здравствени работици кои го ризикуваат своте живот да им помогнат на своите сонародници.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот