Еспер: САД разгледуваат „прилагодување” на бројот на војници во Јужна Кореја

epa07883116 US Secretary of Defense Mark Esper participates in the Armed Forces Welcome Ceremony in honor of the Twentieth Chairman of the Joint Chiefs of Staff Mark Milley at Joint Base Myer in Virginia, USA, 30 September 2019. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Во Јужна Кореја стацинирани се околу 28.5000 американски војници, како одбранбен ѕид со Северна Кореја

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека Пентагон разгледува „прилагодување” на своето воено присуство во Јужна Кореја и ширум светот повлекувајќи се од мисиите за борба против тероризмот на Блискиот Исток и фокусирајќи се на Кина.

Тој истакна дека на дал наредба за намалување на бројот  на американски војници во Јужна Кореја, туку оти се разгледува „прилагодување”.

Еспер не наведувајќи детали истакна дека сега акцентот е на ротациските разместувања на трупите, за разлика од трајното стационирање на американските војници.

– Тоа на САД им дава поголема стратешка флексибилност во смисла на одговор на предизвиците ширум светот, потенцира Еспер.

Во Јужна Кореја стацинирани се околу 28.5000 американски војници, како одбранбен ѕид со Северна Кореја. Но, договорот помеѓу САД и Јужна Кореја е под знак прашалник поради барањето на Вашингтон, Сеул да го зголеми износот кој го плаќа за американското присуство.

Еспер во своето обраќање на лондонскиот Меѓународен институт за стратешки студии истакна дека откако ја презеде функцијата пред една година, бара начини што поголем број американски војници да се вратат во САД, за да можат директно да се обучуваат за мисиите поврзани со потенцијалните судири во азиско-пацифичкиот регион.

На почетокот од месецот Еспер одобри повлекување на 9.5000 војници од Германија, но се уште не е познато колку од нив се вратени во САД, а колку се прераспоредени во другите делови на Европа и во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот