Еспер: САД и Талибанците преговараа за седумдневно прекинување на насилствата

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер денеска изјави дека САД и Талибанците преговарале за предлогот за седумдневно прекинување на насилствата.

Според извори на западни медиуми, мировниот договор меѓу САД и Талибанците ќе биде потпишан овој месец, ако Талибанците драстично ги намалат своите насилни активности и на крајот би можеле да доведат до повлекување на американската војска од Авганистан.

– САД и Талибанците преговараа за седумдневно намалување на насилствата, изјави Еспер на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

– Се консултирав со сојузниците денеска за овој предлог и имавме серија продуктивни билатерални и заеднички состаноци на патот кон остварување на тој потег, додаде тој.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во вторникот изјави дека американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео му истакнал дека е постигнат „значителен напредок” во преговорите за Вашингтон и Талибанците.

Тие преговори беа делумно запрени со барањето на САД, Талибанците да го прекинат насилството како предуслов за повлекување на САД.

Околу 13.000 американски војници се во Авганистан, како и илјадници персонал на НАТО, осумнаесет години откако коалицијата предводена од САД ја нападна земјата по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот