Еспер одобри 3,6 милијарди долари за изградба на ѕидот со Мексико – Слободен печат
ВестиПланета

Еспер одобри 3,6 милијарди долари за изградба на ѕидот со Мексико

Таа одлука ја отвори повторно дебатата за ѕидот меѓу претседателот Трамп и Конгресот.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер одобри 3,6 милијарди долари од воениот буџет за изградба на ѕидот од 282 километри на границата со Мексико, поради што Пентагон одложи спроведување 127 проекти.

Официјалните лица не сакаа да кажат точно кои проекти се одложени, но рекоа дека дел од парите се одвоени од воените проекти на САД и дел од проектите во странство.

Таа одлука ја отвори повторно дебатата за ѕидот меѓу претседателот Трамп и Конгресот.

Трамп претходно ги искористи своите овластувања и прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, што му овозможи да искористи пари за ѕидот од федералниот буџет без одобрение од Конгресот.

Конгресот подоцна гласаше за поништување на одлуката на Трамп и тој за првпат во мандатот го искористи своето право на вето.

Иако Пентагон тврди дека проектите не биле откажани, туку само „одложени”, нема гаранција дека Конгресот ќе ги одобри парите за проектите што сега се запрени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close