ЕСМА ГО ОТКРИЛА НЕЈЗИНИОТ ТАЛЕНТ: Малиша има нова песна и спот „Теби се предајем“

малиша

Малиша, (Елеонора Мустафовска), започнува соло кариера. Новата песна е насловена „Теби се предајем“, автори се Јован Јованов и Иван Јованов.

Таа отсега ќе настапува под името Малиша, за кое вели дека го избрала поради внуката која живее во Америка и долго време не ја видела, а многу ѝ недостасува.

Елеонора е родена во Кратово и потекнува од музикално семејство, каде што својот раскошен музички талент го наследила од нејзиниот татко. Преголемата љубов што ја врзува за внуката Малиша, е единствена причина што таа реши својата соло кариера да ја продолжи под уметничкото име Малиша, како што воедно ќе биде насловенo и најновото музичко издание, соопштија нејзиниот менаџер, Симеон Атанасов и Малиша.

Малиша, своите почетоци во музиката ги има уште како дете, најпрво слушајќи го својот татко, а подоцна учествува во сите културни збиднувања во училиште, каде што микрофонот бил секогаш резервиран за неа. Така е се до својата 17 година, кога ќе има среќа да биде слушната од кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска, која во Малиша препознава потенцијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот