ЕСМ обезбеди гас за скопското парно до 1 ноември, грејната сезона почнува навреме

Парно, радијатори / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ.

-На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол” до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ – ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје, информира компанијата.

Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот