ЕСМ не увезува енергија, а кој тоа го прави ќе се знае за еден месец

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Скриншот, Фејсбук

Снабдувачите на електрична енергија кои ги обезбедуваат компаниите што се на слободниот пазар, очигледно дека навреме не направиле проекции или, пак, ги утнале проекциите заради времето или некои други причини, смета министерот за економија

Податоците кој трговец со струја или снабдувач повлекол одредени количини електрична енергија од европската мрежа може да се утврдат еднаш месечно или еднаш во два месеца. Поради тоа е невозможно на дневна база да се види која компанија влечела европска струја, и затоа немало податоци за оваа операција во извештајот што го подготвува Владата, посочи министерот за економија Крешник Бектеши. Тој потврди дека во неделата од ЕНЦОЕ биле повлечени 1.700 мегаватчасови електрична енергија, но тоа во најголем дел биле компании кои набавуваат струја на слободниот пазар за своите клиенти. ЕСМ во глобала не увезува струја, дециден е министерот.

-По денешниот состанок со директорот на ЕСМ, може да ве уверам оти сега во државава не се увезува електрична енергија за потребите на регулираниот пазар каде што се домаќинствата и малите потрошувачи – рече Бектеши.

Тој објасни дека овие повлекувања не се целосно од ЕСМ, а нив ги прават и снабдувачите на електрична енергија кои ги обезбедуваат компаниите што се на слободниот пазар.

-Очигледно е дека тие навреме не направиле проекции или, пак, ги утнале проекциите заради времето или некои други причини. Овие 1.700 мегаватчасови струја, беа само во неделата и повеќето не се од ЕСМ, туку се главно од други компании – истакна министерот за економија.

На прашањето зошто повлекувањата на струја од Европската енергетска асоцијација не се дел од дневните извештаи на Владата за произведена електрична енергија, Бектеши објасни дека тие податоци се утврдуваат еднаш месечно или еднаш во два месеца. Според Бектеши, најважно е што ЕСМ се подготвени и првпат имаат резерва, како што е например трансформаторот во случај во РЕК Битола, да се случи најлошото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот