ЕСМ лани платил три милиони евра за гасен терминал што воопшто не го користел
Државната компанија АД ЕСМ во текот на 2025 година платила околу три милиони евра за закуп на капацитет на гасниот терминал во Александрополис, иако истиот не бил користен, објави Фактор повикувајќи се на финансискиот извештај на компанијата.
Препорачано
Според податоците, под ставката „останат наем“ биле исплатени 187 милиони денари во текот на 2025 година, додека во 2024 година биле платени дополнителни 48 милиони денари. Во извештајот е наведено дека трошоците се зголемиле за речиси 300 проценти поради почетокот на плаќањето закуп за дел од терминалот во Александрополис.
Од ЕСМ посочуваат дека не се плаќа за потрошен гас, туку за однапред резервиран капацитет на терминалот и транспортната инфраструктура. Договорот бил склучен на долг рок, со цел Македонија да обезбеди алтернативен извор на снабдување со природен гас и поголема енергетска сигурност. Фактор потсетува дека актуелното раководство на ЕСМ претходно поднесе кривични пријави против членови на поранешните управни и надзорни одбори поради одлуките поврзани со закупот на капацитет во терминалот. Од компанијата веќе информираа дека месечниот трошок за оваа обврска надминува 250.000 евра.
Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните
Во меѓувреме, финансискиот товар на ЕСМ продолжува да расте. Компанијата има долг од над 250 милиони евра кон домашни и странски банки, а обврските кон добавувачите достигнуваат околу 80 милиони евра. Дополнително, за привремени вработувања преку агенции биле потрошени повеќе од четири милиони евра.


