ЕСМ ќе субвенционира по 1.000 евра за купување инвертори

клима уред

АД Електрани на Северна Македонија целосно ќе субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачески.

– АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок, со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субвенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата, кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими, кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата – изјави Ковачески по средбата во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши, на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Ковачевски посочи дека сè додека не го добијат заклучокот од Владата, не можат да дадат попрецизни информации, но додаде дека како компанија можат за таа намена да одвојат три до четири милиони евра.

Мерката, како што информира министерот Бектеши, ќе почне да се спроведува како пилот-проект во четири града, и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.

– Во зависност од интересот и ефектот на оваа мерка, за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства што ќе бидат проширени и на останатите градови – потенцира Ковачески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот