ЕСМ го зголемиле производството на струја за 26% во споредба со лани

Фото: МИА

АД ЕСМ соопшти дека го зголемиле производството на електрична енергија за 26% за 11те месеци годинава во споредба со истиот период лани.

Од јануари до ноември 2022г АД ЕСМ со термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, гасната електрана Енергетика, хидроелктраните и системи Маврово, Тиквеш, Црн Дрим и Треска, и Ветерниот парк Богданци произведе 3.673.994 MWh електрична енергија што претставува 126% споредено со истиот период во 2021г., кога беа произведени 2.922.342 MWh, велат од ЕСМ.

Како што се вели во соопштението, термоелектраните имаат натфрлање на производството од 29%, додека кај хидроелектраните е успеано да се одржи помало производство од планираното, се со цел водата во акумулациите да се заштеди за следниот период, и електричната енергија да се обезбеди преку другите капацитети.
АД ЕСМ има законска обврска во 2022г да го снабдува регулираниот пазар со 60%, но, по задолжение од Владата, го снабдува во 100% и по значително пониска цена, се со цел да не дојде дo драстично зголемување на крајната цена која ја плаќаат граѓаните.

По одлука на Владата, со субвенционирана енергија, односно со значително пониски цени, се снабдуваат прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.
По препораки од Владата, ЕСМ Продажба по берзански цени, но со пониска маржа снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градинки, министерства и други субјекти од значење за државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот