ЕСМ доби аванс за продажба на старата заграда, за новата нема употребна дозвола

ЕСМ/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Иако државна команија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ)  доби 1 милион евра аванс од Владата која одлучи да ја купи нејзина административна зграда на скопскиот плоштад, се уште не знае кога ќе се сели во новите простории лоцирани на почетокот на улица „Македонија“, спроти Музејот на Град Скопје.

Почеток на градба на зградата е 2013 година, а е изградена од страна на АД ЕСМ со сопствени средства. Објектот се уште не е ставен во употреба, иако е целосно завршен и ентериерно опремен, од причини што зградата нема добиено употребна дозвола. Ситуацијата е затекната како проблем уште при промената на власта во 2017 година, а до истото е дојдено поради необезбедување на дозволи за измени во тек на градба во текот на годините додека објектот се градел.  Во моментот АД ЕСМ, Министерството за транспорт и врски и другите надлежни субјекти се во фаза на изнаоѓање решение за ставање во употреба на новата зграда- велат од ЕСМ.

Влада: Ја купуваме зградата на ЕСМ, дадовме аванс, целиот износ не го знаеме

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот