Ескобар: Србија и Косово да го продолжат дијалогот за меѓусебно признавање

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: ЕПА

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Гарбиел Ескобар денеска изјави дека Белград и Приштина треба да го продолжат дијалогот за нормализирање на односите.  

„Јасно ставивме до знаење дека дијалогот е формата во која двете страни, како еднакви, мора да работат на решавање на нивните разлики и нормализирање на односите, идеално преку взаемно признавање“ рече Ескобар на сослушувањето пред Поткомитетот за Европа на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.  

Се покажа дека дијалогот функционира како форма за решавање на проблемите, додаде тој и изјави дека едвај чека Мирослав Лајчак да продолжи напорно да работи на многу попредизвикувачки прашања.  

„Дијалогот е форма преку која може да се најде решение. Силно ги поддржуваме напорите на Лајчак да иницира дијалог, од наша перспектива ние сме тука да им помогнеме на двете страни да се придржуваат до постигнатите договори. Во меѓувреме, иако не сме дел од дијалогот, сепак работиме многу тесно со Лајчак за да ги направиме двете страни флексибилни и прагматични, насочени кон решение“ истакна Ескобар. 

Тој изрази поддршка и за иницијативата „Отворен Балкан“. 

„Мислиме дека тоа ќе ги зближи луѓето, ќе создаде доверба меѓу луѓето, така што ќе го поддржиме секој напор што економски ги зближува земјите. Лидерите лично не уверија дека оваа иницијатива е отворена и за другите земји од Западен Балкан. Добро е да се има регионален пазар со 20 милиони луѓе“ изјави Ескобар.  

Тој напомена дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги поттикнува и американските приватни инвестиции во Србија.  

„Кинеските инвестиции беа во предност бидејќи државата ги финансира, но ние ги поддржуваме американските инвестиции во Србија“ изјави тој.  

Ескобар го поздрави учеството на српската армија во меѓународните мировни мисии и ја посочи нејзината добра соработка со Националната гарда на Охајо. 

„Нашите односи со Србија се подобруваат на сметка на Русија“ нагласи тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот