Ескобар: Санкциите против некои политичари во Република Српска се подготвени

Габриел Ескобар на гостувањето на БХРТ/ Фото Youtube screenshot BHRT

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар Габриел Ескобар денеска, на крајот од неговата посета на Босна и Херцеговина, изјави дека се подготвени санкциите, но оти тие нема да бидат насочени кон Република Српска, туку кон поединци, политички лидери кои дејствуваат против Дејтонскиот договор.

„Санкциите се на маса и не се само санкции. Постојат и други економски средства што можат да се спроведат, не само против лидерите кои водат антидејтонски активности, туку и против оние кои им даваат економска поддршка. Значи, компаниите што ги поддржуваат“, истакна Ескобар за Јавниот сервис на БиХ (БХРТ).

Тој додаде дека „не сака да се зборува дека ќе биде санкционирана Република Српска, бидејќи луѓето во овој регион доволно страдаа”.

Ескобар наведе и дека нема да има нова војна во БиХ.

„Земјата има цврсти безбедносни гаранции од САД и од нашите европски партнери“, посочи Ескобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот