Ескобар: САД се загрижени за корупцијата во Црна Гора

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: ЕПА

САД се загрижени за „вкоренетата корупција во Црна Гора“, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар кој вчера во Подгорица се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Според Амбасадата на САД во Црна Гора, Ескобар ја охрабрил Црна Гора да продолжи да игра конструктивна улога во справувањето со регионалните предизвици. Ова беше прва посета на Ескобар на Црна Гора како специјален пратеник за Западен Балкан.

Пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом за ангажманот на американската администрација на Западен Балкан, Ескобар рече дека интензивниот политички процес во Црна Гора резултирал со значителна промена во август минатата година.

-Јасно ставивме до знаење дека нашето партнерство со Црна Гора е партнерство со државата, нејзиниот народ и демократските институции, а не со која било политичка партија, изјавил Ескобар.

САД се подготвени да соработуваат со сите црногорски партнери кои ја делат визијата за суверена, инклузивна, демократска држава која ги спроведува неопходните реформи како аспирант за членство во Европската унија, притоа почитувајќи ги важните обврски како сојузник во НАТО. Целта на САД, според Ескобар, е да ја поддржат успешната интеграција на шесте земји од Западен Балкан во европските институции со цел нивно членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот