Ескобар: САД го поддржуваат спроведувањето на договорот од дијалогот меѓу Белград и Приштина

Габриел Ескобар/ Фото: принтскрин

Единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина е дијалогот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Н1.

Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор”.

– Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ…Ние не сме дел од дијалогот, но целосно го поддржуваме, истакна Ескобар.

Тој нагласи дека Србија има многу повеќе воени вежби со НАТО отколку со Русија и Кина.

– Нашата надеж за Србија е дека ќе го следи својот европски пат. Да се ​​затворат поглавјата, за да напредуваат кон членство во ЕУ. Да се ​​решат разликите со Косово преку дијалог и да се воспостават добри односи со сите соседи, додаде Ескобар.

На прашањето како ја гледа иднината на Александар Вучиќ како претседател на Србија, Ескобар одговори дека „за тоа ќе одлучи српскиот народ”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот