Есенскиот бран на пандемијата на ковид-19 има неколку можни сценарија

омикрон
Бројот на заразени со омикрон ќе опадне/ Фото: ЕПА

Секоја нова подваријанта има предност во однос на својата претходна и со себе носи нов бран инфекција. На крајот на краиштата, секоја подваријанта има свои „15 минути слава“, велат експертите

Есенскиот бран на ковид-19 беше тема на последниот состанок на експертска комисија во Германија, кои ја повикаа германската влада да се подготви за претстојната есенска епидемија на коронавирус. Експертите велат дека германските власти треба да се подготват за неколку можни сценарија за пандемија оваа есен, што најверојатно би го оптоварувало здравствениот систем и критичната инфраструктура на земјата, велат експертите.

Европската агенција за лекови (ЕМА) исто така предупреди дека варијантите БА.4 и БА.5 на вирусот oмикрон стануваат сè подоминантни во Европа, така што се очекува зголемување на бројот на случаи на инфекција со коронавирус во наредните недели, што може да доведе до повеќе хоспитализации на интензивна нега и зголемен број смртни случаи.

Препораки на експертите за есенскиот бран

Комисијата, назначена од Владата, соопшти дека сè уште има „празнина“ во стекнатиот имунитет кај населението и препорача повторно да се нагласи потребата од вакцините против ковид-19, како и нивна полесна достапност. Експертите ги советуваат властите да се осигурат дека пунктовите за тестирање може брзо да се обноват наесен и да се зголеми нивниот број, како и дека пациентите со инфекција со ковид-19 треба да имаат брз пристап до антивирусни лекови. Тие, исто така, ја повикаа германската влада да обезбеди јасна правна основа за сите ограничувања што би можела да одлучи да ги воведе, со цел да се зачува јавното здравје, особено ако се појави нова, опасна варијанта на коронавирусот.

Секоја подваријанта има свои „15 минути слава“

Во Франција се прашуваат дали подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5 ќе доведат до нов, есенски бран, со оглед на тоа што во Јужна Африка и Португалија владеат епидемии. Со повеќе од 18.860 случаи на ден, пандемијата на ковид-19 во Франција во јуни достигна нивоа што последен пат биле забележани кон крајот на ноември 2021 година.

„Секоја нова подваријанта има предност во однос на својата претходна варијанта и со себе носи бран на инфекција. На крајот на краиштата, секоја подваријанта има свои 15 минути слава“, потсети д-р Оливиер Шварт, раководител на одделот за вируси и имунитет во Институтот Пастер.

Вирусот е сè уште заразен, вели тој, и се обидува да го пробие развиениот глобален имунитет кај населението. Сето ова отвора едно очигледно прашање, имајќи предвид дека огромното мнозинство од француското население е вакцинирано и дека половина од нив се исто така заразени со сојот омикрон – колку долго ќе бидат заштитени од новите подваријанти БA.4 и БA. 5?

Најновите варијанти на сојот омикрон првпат беа идентификувани во Јужна Африка, каде што предизвикаа нов бран инфекции во април и мај годинава. Во Португалија тоа беше подваријанта БA.5 која почна да се шири во април, предизвикувајќи значително зголемување на инфекциите. Заклучно со 30 мај, тоа претставува 87 проценти од случаите. Она што е познато е дека во земјите погодени од бранот БА.2, како Данска, Велика Британија, Германија и Франција, почнуваат да циркулираат БА.4 и БА.5.

Две нови подваријанти на омикрон стануваат сè почести во САД

Подваријанти БA.4 и БA.5 во моментов брзо се шират во САД, но сè уште не е јасно дали тоа ќе предизвика нов бран на инфекции или зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи, велат експертите. Овие две подваријанти сега претставуваат 13 проценти од новите случаи на коронавирус на национално ниво. Експертите сметаат и дека е можно светот да помине низ друг бран, кој би бил стимулиран од подваријантите БA.4 и БA.5, но очекуваат да биде послаб од претходните. Во текот на изминатите неколку недели, во САД во просек имаше околу 100.000 нови случаи на коронавирус дневно, во споредба со помалку од 30.000 на крајот на март.

Европската Унија се подготвува за есенскиот бран на инфекции со ковид-19

Комисијата на ЕУ наведува дека во новата фаза на пандемијата, во која е неопходно да се задржи подготвеноста и одговорот на епидемијата, координацијата повторно ќе биде од суштинско значење. Затоа, комисијата ги повикува земјите членки да преземат акција пред есен за да обезбедат внимателност и континуирана координација на здравствената подготвеност и одговор на епидемијата. Во моментов, помалиот број заразени луѓе им нудат на земјите членки можност да го зајакнат нивниот надзор здравствен систем и севкупна подготвеност за пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот