Есенски десерт со јаболка и чоколада

Состојки:

5 јаболка со средна големина
100 гр шеќер
50 гр ореви
3 јајца
2 лажица гриз
2 лажица брашно
10 гр цимет
1 прашок за печиво
100 мл јогурт
100 гр чоколада
10 гр какао

Подготовка:

Во тепсијата ставете хартија за печење. Потоа, излупете ги јаболката, исчистете ги и
издлабете ги во средината. Ставете ги вака подготвените јаболка да се печат во
претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20 минути или додека не
омекнат. Потоа извадете ги од рерна.

Додека чекате печените јаболка да се изладат, во подлабок сад, изматете ги јајцата
заедно со шеќерот. Матете се додека не добиете цврста пена. Откако јајцата и шеќерот
убаво ќе ги изматите, во нив додадете ги маслото, какаото, јогуртот, гризот, оревите и
брашното кое претходно сте го измешале со прашакот за печиво. Внимателно мешајте
за да не ви останат грутки брашно во тестото.

Вака подготвената смеса, истурете ја врз претходно печените јаболка и ставете ги
заедно да се печат околу 45 минути на температура од 150 степени целзиусови.

Откако колачот ќе биде готов, извадете го од рерна и оставете го да се излади. На крај,
прелијте го со растопеното чоколадо за готвење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот