Есенската депресија навистина постои, но може и да се избегне

есен
Фото: Pexels / Kristina Paukshtite

Враќањето во секојдневието по одморите, почетокот на новата учебна година, сообраќајниот метеж, финансиските обврски, но и дождливото време често се причините за нерасположението на луѓето. Затоа сè почесто слушате за поимот есенска депресија, која навистина постои, но можно е и да се избегне.

Овој феномен прв го дефинирал американскиот психијатар Норман Розентал, а важно е да се напомене дека не се работи за клиничка депресија, која има многу посериозни симптоми. Кога станува збор за есенската депресија, симптомите се всушност многу суптилни, па не е секогаш лесно да се препознаат, а тоа најчесто се замор, недостаток на мотивација, промени во апетитот, несоница или лошо расположение. Со оглед на тоа дека се работи за минлива состојба, не треба да бидете особено загрижени доколку забележите некој од симптомите.

Првите знаци на есенска депресија се појавуваат веќе во втората половина на септември, додека состојбата често се влошува во јануари и февруари. За да се постави дијагноза со сигурност, појавата на депресивни симптоми мора да одговара на промената на годишните времиња и да се повторува најмалку две години по ред. Истражувањето спроведено на оваа тема покажува дека жените се дури шест пати повеќе изложени на ризик да добијат сезонско афективно растројство од мажите.

Сепак, експертите тврдат дека лесно можете да ја избегнете есенската депресија. Правилната исхрана, т.е. балансиран внес на витамини и минерали, доволно сон, вежбање и поминување доволно време во природа помагаат да се ублажат симптомите.

Кога станува збор за вежбање, секогаш треба да давате приоритет на активностите на отворено поради позитивниот ефект на дневната светлина. Ако можете, обидете се да вежбате најмалку 30 минути, три до четири пати неделно. Што се однесува до витамините, се препорачува да се внесуваат доволни количини на витамин Ц и витамин Б, а магнезиумот е особено важен како минерал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот