Есенцијални филмови кои мора да ги гледате: Славење на феминизмот и родовата еднаквост

unsplash

Не, ова не е список на филмови и серии што необјасниво се обоени во розова боја што симболизира глобална предрасуда која е опресивна за половина од човечката популација со векови. Ова се предлози на филмови во кои е детектиран нормален пристап кој истовремено е охрабрувачки и забавен.

Комедии, драми, цртани филмови, документарни филмови, наслови кои ги слават жените, женските проблеми, правото на еднаквост…

„Grace&Frankie“

Ситком драма во која играат легендите на комедијата и иконите на поп-културата Џејн Фонда и Лили Томлин. Една од најомилените серии, „Grace&Frankie“ е непосредлив придонес за претставување на жените постари од 70 години, нивните моменти на среќа и тага.

Смешни и бестрашни, Грејс и Френки не само што ѝ го подарија на публиката враќањето на актерките Томлин и Фонда на малите екрани, туку помогнаа да се подигне свеста за позитивни промени.

 

„Period. End of Sentence.“

Краток документарен филм кој воедно е добитник на Оскар за феминистичката револуција во Индија. Обидот на режисерката Рејка Зехтабчи да направи огромен и убедлив случај против глобалната стигма околу менстрауцијата е фасцинантен.

Зехтабчи следи група претприемачи во Хапур, Индија додека работат на правење нискобуџетни санитарни производи. Таа се обидува во едно прилично хаотично општество да ја зајакне заедницата на жените.

 

„A Secret Love“

Документарен филм кој прикажува и раскажува една доживнотна љубовна врска на две жени. Поранешна професионална бејзбол играчка и нејзината партнерка, воделе успешен бизнис за ентериер.

Режисерот Крис Болан се осврнува на романсата на Тери Донахју и Пат Хеншел, две лезбејки кои речиси седум децении ја чувале својата љубов скриена од пријателите, семејството и колегите. Приказ на сочувство, топлина и без прилагодена на комплексна тема што остава без здив.

 

„Orange Is the New Black“

Врвна драматична комедија во фокус на затворенички во измислен затвор.

Во оваа револуционерна серија се вклучени толку многу аспекти, што се поставува прашањето дали примарната идеја е да се прикаже индустрискиот комплекс во женските затвори, дали е смело прикажување на женските прашања, почнувајќи од сексуални напади и телесна автономија до патријархални и социјални поделби на жените? Ова е „must watch“ серија.

 

„Tuca & Bertie“

Анимирана серија за возрасни создадена од карикатуристката Лиза Ханавалт за две птици најдобри пријателки.

Оваа серија ги истражува женските проблеми преку неверојатен хумор. Доби признанија од критиката и беше номинирана за најдобра анимирана серија за 2019 година. След на пријателство помеѓу две 30-годишни жени-птици кои живеат во иста станбена зграда.

 

„Disclosure: Trans Lives on Screen“

Документарен филм во режија и продукција на Сем Федер. Филмот прави детален преглед на холивускиот приказ на трансродовите луѓе и влијанието на нивните приказни врз трасродовите животи и американската култура.

Ова е одличен проект кој се фокусира на пристрасната поп-култура. Ловерн Кокс, Јенс Форд, Зик Смит, Лили Вачовски, Аександра Билинг и многу други отворено зборуваат за искуството на гледање и создавање транс медиум во свет кој е премногу бавен за да се бара инклузија.

„Овој филм восхитено ја осветлува историјата и ефектите од начинот на кој се прикажуваат трансродовите животи на екранот, и истакнува уште колку треба да се направи за да се постигне напредок“, беа дел од сумираните коментари од критичарите.

 

„Feminists: What Were They Thinking?“

Документарен филм од режисерката Јохана Деметракас за еволуцијата на феминизмот.

Жени од различна возраст и потекло се интервјуирани од Деметракас на темата феминизам. Овој филм истовремено се занимава со решавање на теми како што се идентитет, абортус, раса, детство и мајчинство.

Феминистките веќе добро упатени во идеологијата на движењето за еднаквост на жените, која постојано се развива, може нема да најдат „многу нови“ работи во овој филм, но сепак нема да биде лошо потрошено време во друштво на жени како Џуди Чикаго, Маргарет Прескод, Лори Андерсон и Сали Киркиленд кои продолжуваат да се борат за родова еднаквост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот