ЕСЕ: Жител на Шуто Оризари со часови чекал за да пријави новороденче за здравствена книшка, другите оделе преку ред

Фото: Принтскрин

 Ранливите категории граѓани се најчести жртви на институционална дискриминација и како последица на тоа се соочуваат со проблеми да ги остварат своите законски гарантирани права. Токму ова е најдобар показател дека мора да се смени праксата на поставување партиски кадри во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од Здружението ЕСЕ.

Токму поради ова, од Здружението појаснуваат дека изработиле видео во кое се пренесени сведоштва на дел од лицата кои на своја кожа ја почувствувале институционалната дискриминација.

Во видеото меѓу другото жител на Шуто Оризари појаснува дека се соочил со дискриминација кога се обидел да го пријави и да извади здравствена книшка за своето новородено дете. Тој објаснува дека со часови чекал во институциите додека други луѓе се пуштале преку ред да завршат работа.

Од ЕСЕ велат дека Собранието треба да избере стручни, професионални и непартиски членови во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, за да се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права

-По една и пол година без функционална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Собранието треба да избере нови членови на Комисијата на почетокот на 2021 година. Единствено со поставување стручни, професионални и непартиски членови ќе се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права во државата, порачуваат претставниците на граѓанскиот сектор. Бараат од пратениците да спроведат постапка за избор која ќе биде транспарентна и ослободена од какви било влијанија, се наведува во соопштението на ЕСЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот