ЕСА: Кога Европејците седат дома и загадувањето е пониско

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новите слики ги прикажуваат концентрациите на азот диоксид од 13 март до 13 април 2020 година во споредба со просечните концентрации во  март-април од 2019 година.

Мерките на ограничување за запирање на ширењето на коронавирусот, кои скоро ја запреа европската економија, преку додатните анализи на Европската вселенска агенција (ЕСА), покажуваат дека тие доведоа до ниско ниво на концентрација на азот диоксид низ цела Европа, јави дописникот на МИА.

Новите податоци анализирани од Научниците од кралскиот метеоролошки институт на Холандија од сателитот „Коперникус Сентинел-5П”, од програмата на Европската унија „Коперник”, покажуваат дека во некои европски градови нивоата на концентрацијата на азот диоскид  се намалени од  45 до 50 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Новите слики ги прикажуваат концентрациите на азот диоксид од 13 март до 13 април 2020 година во споредба со просечните концентрации во  март-април од 2019 година. Во Мадрид, Милано и Рим забележан е пад од околу 45 проценти, додека во Париз забележан е драматичен пад од 54 отсто, резултати кои се совпаднаа со строгите карантински мерки спроведени низ цела Европа.

Азотн диоксид се произведува од електрани, возила и други индустриски капацитети и може да има значителни влијанија врз здравјето на луѓето, зголемувајќи ја веројатноста за појава на респираторни проблеми. Концентрациите на азот диоксид во нашата атмосфера варираат од ден на ден, како резултат на флуктуациите на емисиите, како и на варијациите во временските услови.

Ваквата варијабилност предизвикана од временските услови, не дозволува лесно да се извлечат заклучоци само врз основа на дневни или неделни мерења, со што е неопходно да се анализираат податоците во текот на значителен временски период за да се утврдат сите аномалии.

Мерењата продолжуваат и понатаму.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот