„Ерусалим пост“: Армијата на Турција напаѓа руски авиони во Сирија

Фото: EPA-EFE/TURKISH DEFENSE MINISTRY

Турски воени специјалци во сириската провинција Идлиб користеле ракети за да се обидат да ги соборат руските и сириските воени авиони, пишува весникот „Ерусалим пост“, откако беше соопштено дека сириските бунтовници, поддржани од турската армија, го зазеле градот Најраб во Идлиб.

– Небото над Идлиб исто така е опасно. Бунтовниците и турските специјалисти активно користат преносни системи за противвоздушна одбрана – се наведува во извештајот.

Во текстот се додава дека руските и сириските авиони биле принудени да преземат соодветни дејства.

Други детали не се соопштуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот