Ерупција на вулканот Попокатепетл во Мексико: Исфрлен пепел во височина до три километри

Фото: OMAR CONTRERAS / Newscom / Profimedia

„Cenapred” преку соопштение на Твитер препорача луѓето да не се доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

Мексиканскиот Национален центар за спречување на природни катастрофи „Cenapred” информира за ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетл.

Столбот од пепел што се кренал достигнал височина од три километри, јавуваат агенциите.

„Во 6:33 часот беше регистрирана експлозија со умерена содржина на пепел. Ѕидот од чад и пепел во воздухот достигна височина од три километра во правец кон североисток. Прогласено е жолто ниво на опасност или фаза два.

„Cenapred” преку соопштение на Твитер препорача луѓето да не се доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

„Жолтото ниво“ за опасност не вклучува евакуација или прекин на активностите во реонот на вулканот.

Попокатепетел, чие име преведено од јазикот на Ацтеките значи „планина што чади”, се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот