Ерупција на вулкан го затвори аеродромот во Гватемала

Фото: EPA-EFE/Esteban Biba

Поради ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала, властите денеска го затворија аеродромот, а авионите, паркирани на терминалите, се прекриени со пепел.

Вулканот Пакаја, кој мируваше речиси цел век, повторно се активира во 1961 година, по што се случија ерупции во 2004 година и во 2010 година.

Тој се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град Гватемала и активен е од почетокот на минатиот месец.

Директорот на цивилното воздухопловство Франсис Аргета не соопшти колку време ќе биде затворен аеродромот.

Туристите многу често се искачуваат на врвот на Пакаја, но таквите активности се времено откажани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот