ЕРОС РАМАЦОТИ се разведува: Тоа беа прекрасни 10 години

Instagram

Популарниот италијански пејач Ерос Рамацоти и неговата сопруга, манекенката Марика Пелегрини, одлучиле да стават точка на новниот брак.

Ерос и неговата 24 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, по бракот кој траеше околу 5 години, а пред тоа се забавувале исто толку време.

Во официјалното соопштение, како што пренесуваат италијанските медиуми, ги потврдиле шпекулациите за разводот.

„Тоа беа прекрасни 10 години, заедно изградивме преубаво семејство и бевме бескрајно среќни. Смирени сме во заедничкиот избор, нашиот однос останува пријателски и љубовта што ја делевме уште е тука. Имаме големо почитување еден за друг и ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот