Ерменскиот претседател е хоспитализиран во Лондон поради состојбата со ковид-19

Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Претседателот на Ерменија Армен Саркисjан, на кого минатата недела му беше потврдена инфекција со Ковид-19, хоспитализиран е во Лондон.

– Здравствената состојба на шефот на државата е сериозна, има висока температура, соопшти Канцеларијата на Саркисјан.

Тој во Лондон ја прослави Новата година заедно со неговото семејство, а потоа му беше оперирана ногата.

Во Ерменија од почетокот на пандемијата регистрирани се над 163.100 луѓе заразени со Ковид-19 и повеќе од 2.900 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот