Ерменскиот министер за одбрана поднесе оставка

 Ерменскиот министер за одбрана Давид Тонојан денеска поднесе оставка, а ќе биде заменет со советникот на премиерот – Вагаршак Хартујуњан, соопшти денеска државната телевизија, пренесува ТАСС.

Давид Тонојан поднесе оставка, а главниот советник на премиерот Никола Пашињан ќе го замени. Тој веќе беше шеф на Министерството за одбрана пред 20 години, наведува извор на агенцијата ТАСС.

Тонојан дојде на министерското место во мај 2018 година, по политичките промени во земјата, а пред тоа беше министер за вонредни состојби и заменик министер за одбрана.

Генералот Хартујуњан беше министер за одбрана помеѓу 1999 и 2000 година.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот