Ерменскиот амбасадор во Москва јавува дека денеска загинале 30 Ерменци

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

Локалните власти во Република Нагорно-Карабах, како дел од Азербејџан, а во која доминира ерменското население, денеска соопштија дека уште 28 нејзини војници се убиени во судирите со азербејџанските сили што траат веќе два дена, со што вкупниот број на загинати сега изнесува 59 лица.

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан, денеска изјави дека околу 30 ерменски државјани се убиени во судирите меѓу ерменските и азербејџанските вооружени сили во Нагорно Карабах.

-Информациите за жртвите варираат, а според неодамнешните податоци, ерменската страна има околу 30 жртви и тие главно се припадници на армијата, рече ерменскиот амбасадор за радио „Ехо на Москва”.

Британските медиуми јавуваат дека ерменските и азербејџанските сили веќе два дена разменуваат жесток артилериски оган на повеќе позиции долж линијата на разграничување на територијата на Нагорно Карабах.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на тешка артилерија, а во спорот веќе од вчера се вклучи и меѓународната заедница со осуда на насилството и понуди за посредување за постигнување примирје и почеток на преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот