19.8 C
Скопје

Ерменија од Азербејџан бара ослободување на сите заробеници од Нагорно Карабах

Ерменија го повика Азербејџан да ги ослободи сите воени заробеници, пет месеци по завршувањето на борбите околу регионот Нагорно Карабах.

– Овој проблем не е решен, изјави вчера во Москва ерменскиот премиер Никол Пашињан на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Ерменија „за жал сè уште има затвореници во Азербејџан”.

Покрај тоа, тој истакна дека размената на заробени војници и цивили е договорена со спогодба меѓу двете земји во ноември минатата година, со посредство на Русија.

Азербејџан тврди дека сите затвореници биле ослободени во согласност со договорот, но нивното Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека „борците испратени од Ерменија на териториите на Азербејџан” по завршувањето на борбите над регионот Нагорно Карабах не биле опфатени со договорот.

Во краткиот конфликт помеѓу 27 септември и 9 ноември минатата година во Нагорно Карабах, Азербејџан поврати големи делови од територијата што ја изгуби во раните 90-ти.

Повеќе од 6 000 луѓе се убиени во конфликтот. Ерменија ја смета Русија за свој заштитник, додека Азербејџан е поддржан од Турција.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар