Ерменија го тужеше Азербејџан пред Меѓународниот суд на правдата

Ерменија го презентираше повеќе деценискиот територијален спор со соседен Азербејџан, пред Врховниот суд на Обединетите нации.

Овој повеќе децениски спор на овие две пранешни советски републики минатата година прерасна во вооружен конфликт,

Во тужбата на Ерменија до Меѓународниот суд на правдата (МСП), се наведува дека Азербејџан ја прекршил меѓународната конвенција чија цел е елиминирање на расната дискриминација, објави вчера судот, .

Според соопштението, ерменската страна соопштила дека како резултат на, , „политиката на омраза спонзорирана од државата“, Ерменците биле изложени на системска дискриминација, масовни убиства, тортура и други злоупотреби.

Тужбата се однесува на регионот Нагорно-Карабах, кој беше под контрола на етничките ерменски сили повеќе од четврт век, поддржани од ерменската влада.

Долгогодишните тензии меѓу христијанските Ерменци и претежно муслиманските Азербејџани избувнаа со распадот на Советскиот Сојуз, а конфликтот што започна во 1988 година, кога регионот се обиде да се приклучи кон Ерменија, прерасна во војна по распадот на СССР во 1991 година, во кој загинаа најмалку 30.000 луѓе и раселени околу милион луѓе.

Стотици луѓе загинаа во борбите кои започнаа пред една година, што е најголемата ескалација на конфликтот од 1994 година.

Ерменија соопшти дека Азербејџан извршил „сериозни прекршувања на Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација“ за време на минатогодишните борби.

Во тужбата се наведува дека дури и откако договорениот прекин на огнот, со посредство на Русија, стапил на сила на 10 ноември, „Азербејџан продолжил со убиства измачувања и други злоупотреби на ерменските воени затвореници, заложници и други затвореници“.

Според најавите на службениците од Баку, се очекува Азербејџан да поднесе слична тужба против Ерменија пред Меѓународниот суд на правдата следната недела.
Видео на денот