Ериксен си оди од Тотенхем и продолжува во Милано!?

twitter.com/managingmadrid

Се поставува прашањето дали Данецот ќе го напушти Тотенхем, најголемите европски клубови веќе подолг период се во трка за потписот на искусниот играч.

Кристиан Ериксен според британските медиуми ќе го напушти Тотенхем како слободен играч, бидејќи на крајот од сезоната му истекува договорот.

Информациите велат дека данскиот интернационалец ќе ја продолжи кариерата во Италија, а еден од нив не е бранителот на титулата во Серија А, Јувентус.

Интер има желба да ги обезбеди услугите на Ериксен. Бепе Марота кој неколку години донесуваше слободни играчи во Јуве, сега истото има намера да го прави и во миланскиот клуб поради што не чуди и интересот на „неро-аѕурите“ за фудбалерот од средниот ред.

Марота, извршниот директор на Интер, се надева дека годишна плата од девет милиони евра и најважна улога во екипата на Антонио Конте ќе бидат доволни да се осигура потписот на Данецот.

Освен Интер и Јувентус, за Ериксен уште се борат екипите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот