Ериксен си најде клуб и повторно ќе игра фудбал

Кристијан Ериксен/ фото: EPA-EFE/Claus Bech

Кристијан Ериксен и дефинитивно се враќа на фудбалските терени откако минатото лето доживеа срцев удар за време на ЕП, а кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Данецот имаше понуди од Англија, Холандија и Германија, и се одлучи да ја прифати таа на Бренрфорд. Во наредните 72 часа, Ериксен треба да би помине деталните лекарски прегледи по што би потпишал договор до крајот на сезоната.

Брентфорд претставува вистинска данска колонија бидејќи тренер е Данецот Томас Френк, негов помошник е Ремер, а од играчите тука се Норгард, Јенсен, Јоргенсен, Бидструп, Соренсен, Реслев, Јонас Лоси и Лука Рачиќ.

Кристијан Ериксен минатото лето колабираше на теренот за време на натпреварот од Евро 2020 помеѓу Данска и Финска, а лекарите подоцна открија дека тој доживеал срцев удар и неколку секунди срцето не му работело. Подоцна му беше вграден дефибрилатор со кој се регулира работата на срцето.
Бидејќи во Серија А не е дозволено да се игра со вграден дефибрилатор, Интер го раскина договорот со Ериксен по што Данецот се одлучи да ја прифати понудата на премиерлигашот Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот