Ериксен наредното лето во Манчестер јунајтед!?

фото/твитер

Вчера се шпекулираше дека тој може да се искористи и како дел од обидот на лондонскиот тим за привлекување на Герет Бејл од Реал Мадрид.

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го ангажира плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен на слободен трансфер во летото 2020 година.

Според информациите од британското издание на „Телеграф”, можно е тимот да се обиде да потпише прелиминарен договор со Данецот.

Познато е дека неговиот договор со „петлите” е до крајот на сезоната и во моментов тој бара нов и подобрен договор.

Вчера се шпекулираше дека тој може да се искористи и како дел од обидот на лондонскиот тим да го доведе Герет Бејл од Реал Мадрид.

Самиот Ериксен сè уште не објави какви преференции има тој за иднината и во кој клуб сака да игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот