Ериксен импресиониран после миланското дерби: Ова го нема во Англија!

фото: твитер

„Ова е нешто извонредно. Првото полувреме беше тажно, но продолжението беше посебно”, рече Ериксен за италијанските медиуми.

Прво „дерби дела мадонина” ќе остане во вечно сеќавање на Кристијан Ериксен. Интер со неверојатен пресврт во второто полувреме го совлада Милан со 4:2, а данскиот репрезентативец истакна дека е воодушевен од атмосферата што ја доживеал на стадионот „Џузепе Меаца” и рече дека такво нешто нема во Англија.

„Ова е нешто извонредно. Првото полувреме беше тажно, но продолжението беше посебно”, рече Ериксен за италијанските медиуми.

Данецот пристигна во Милано на десетина дена пред градското дерби. Во градот на модата се пресели за 20 милиони евра од Тотенхем, мечот го почна од клупата и во игра влезе во 72. минута наместо Алексис Санчез.

Наиде на импресивни кореографии од двете страни на стадионот и за комплетниот амбиент говори во суперлативи.

„Спектакуларно навивање. Вакво нема во Англија, делумно и поради тоа што е забрането. Овде навистина можете да почувствувате ветар во грб од навивачите уште на излегување од автобус. Се чувствува нивната страст и колку им е важен натпреварот”, рече Ериксен по пет и по години живот во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот