Ериксен и официјално нов фудбалер на Интер

Италијанскиот тим донесе екстра засилување со кое ќе го предизвика Јувентус за титулата.

Доскорешниот фудбалер на Тотенхем, Кристијан Ериксен денеска и официјално е промовиран во нов играч на Интер. Ериксен откако вчера ги помина лекарските прегледи, денеска потпиша четири ипол годишен договор со „нероаѕурите според кој ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона, а ќе има и дополнителни бонуси од четири милиони. Се очекува да биде втор најплатен фудбалер во Серија А, по ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Кристијан Ериксен вчера ги мина медицинските прегледи, а денеска и официјално е промовиран во нов фудбалер на Интер.
Данецот доаѓа во Милано од таборот на Тотенхем, каде имаше договор до крајот на оваа сезона. Иако италијанскиот тим можеше да го добие одличниот фудбалер за врска за беспари следното лето, инсистираше да го откупи неговиот договор уште сега во јануари.


Интер за услугите на Тотенхем му плати 17 милиони евра, а италијанскиот тим се обврза на лето да игра пријателски натпревар во Лондон и целиот приход ќе оди на сметката на англискиот тим.

Прочитајте и...  Куман на удар на јавноста: Изгледам како негативец, но...

Ериксен е трето засилување на Интер во зимскиот преоден рок, претходно во тимот на Антонио Конте пристигнаа Ешли Јанг од Манчестер јунајтед и Виктор Мозес од Челси кој доаѓа како позајмен играч.

Прочитај повеќе

Ла Лига: На теренот нема проблеми за Барселона, ја потопија „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Серија А: Роналдо ја спаси „старата дама“ во Рим (ВИДЕО)

Слободен печат

Филмска приказна за ММА шампионот: Го малтретираа на училиште, а сега тој им се смее на Фејсбук

Слободен печат

РОЛАН ГАРОС: Финалистот од Рим му препушти само четири гема на Кецмановиќ

Слободен печат

Мурињо во елемент по лакрдијата со ВАР, легенда на Ливерпул бара негово укинување

Слободен печат

Елмас и Наполи ги уништија Пандев и Џенова (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Каква шлаканица за Пеп и „граѓаните“, Лестер им пукна петарда среде Манчестер

Слободен печат

Шоу на Суарез, два гола на дебито за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Слободен печат

Европскиот шампион демолиран од Хофенхајм, прими четири парчиња (ВИДЕО)

Слободен печат

Идентични триумфи на скопските и тетовските „црвено-црни“

Слободен печат

МОТО ГП: Квартараро ја „покори“ Каталонија

Слободен печат

Лидс и Алиоски се фантастични во Премиер лигата, го зедоа скалпот и на Шефилд

Слободен печат