Ериксен би можел повторно да игра фудбал, Данецот има три опции

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен најверојатно ќе се раздели со Интер/Фото: EPA-EFE/Stuart Franklin

Кристијан Ериксен е еден од фудбалерите кои го одбележаа неодамна завршеното Европско првенство.

Данецот колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска и беше клинички мртов, но лекарите успеаја да го опорават и по операцијата беше пуштен на домашно лекување, со совет да заборави на фудбалот и продолжување на кариерата во Интер.

Само неколку недели подоцна, приказната доби втор, можеби посреќен тек за Данецот, според кој тој има три опции, од кои само една исклучува играње фудбал!

Втората опција изгледа целосно нереална, а тоа е дека Ериксен би можел да замине на нова операција, доколку му го отстранат дефибрилаторот и после тоа лекарите ќе треба да му дадат дозвола да игра фудбал во Италија.

Само на тој начин можеше повторно да заигра за Интер, што се чини невозможно.

Третата опција е да го напушти клубот или со трансфер или на позајмица и да игра во земја каде што би можел да добие дозвола да игра фудбал и покрај неговата здравствена состојба.

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот