Ерик Тен Хаг: Знаев дека ќе биде тешко

Ерик Тен Хаг во дебито во Премиер лигата како тренер на Манчестер јунајтед доживеа пораз/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг дебитираше со пораз во Премиер лигата откако денеска неговите фудбалери загубија со 1:2 на „Олд трафорд“ од Брајтон.

– Нормално дека ова е чекор наназад и е разочарување за сие нас. Знаев дека од почетокот нема да биде лесно. Веднаш им подаривме две топки на противничките играчи. Видливо беше дека второто полувреме го одигравме подобро, создававме шанси, Рашфорд имаше две добри шанси, но не ги искористивме – изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот е свесен дека пред него се наоѓа многу работа за да го изведе Манчестер јунајтед на победничките патеки и да го врати во европскиот врв.

– Не сум задоволен. Моравме да одиграме подобро. Правевме грешки во организацијата на играта и во одбраната. Мора брзо да ги научиме овие лекции. Брајтон е солиден ден, секоја чест за нив, но не смеевме да им дозволиме да дадат два лесни гола. Но, што е тука е, мора да одиме напред.  – смета Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот