Ерик Адамс положи заклетва за градоначалник на Њујорк веднаш по полноќ

Ерик Адамс
Ерик Адам стана нов градоначалник на Њујорк/Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Ерик Адамс положи свечена заклетва како нов градоначалник на Њујорк на церемонијата на Тајмс Сквер, веднаш откако традиционалната голема топка се спушти за да го одбележи почетокот на Новата 2022 година.

Адамс (61), демократ, ќе има огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, преземајќи ја функцијата во време кога Њујорк се соочува со рекорден број новозаразени.

Адамс ја кажа заклетвата додека конфетите сè уште паѓаа на Тајмс Сквер. Тој не даде изјави ниту одговараше на новинарски прашања. Тој претходно излезе на главната сцена и зборуваше за силата на градот.

– Дури и во екот на коронавирусот, среде сè низ што минуваме, ова е земја во која надежта и шансата се секогаш присутни, рече Адамс претходно вечерта.

– Извонредно е кога Њујорк и покажува на целата земја како се враќаме. На целата планета и покажавме од што сме создадени. Неверојатни сме. Ова е неверојатен град и верувајте ми дека сме подготвени за големо враќање бидејќи ова е Њујорк, рече Адамс.

Тој ја презеде функцијата од градоначалникот Бил де Блазио. Тој претходно рече дека планира да зачува многу од политиките на неговиот претходник, вклучително и обврските за вакцинација, кои се меѓу најстрогите во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот