Ерик Адамс на пат да стане нов градоначалник на Њујорк

Градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс/ Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ерик Адамс, поранешен полицаец кој се борел против расната дискриминација во полициските сили, најверојатно ќе стане нов градоначалник на Њујорк и ќе го води градот во закрепнување од пандемијата на коронавирус.

Демократскиот политичар од десниот центар, ќе стане само вториот Афроамериканец на чело на Големото јаболко, работа која често се опишува како втора најтешка во САД, по претседателската.

Адамс е роден во сиромашно семејство во Бруклин и како тинејџер бил лидер на банди пред да се приклучи на полицискиот оддел во Њујорк (NYPD), а потоа станал политичар, пишува Индепендент.

Сигурна победа на изборите

Речиси е сигурно дека ќе го победи републиканскиот ривал Кертис Слив на изборите во Њујорк кои се одржуваат денес и ќе го наследи прогресивниот, но непопуларен Бил де Блазио, чиј втор и последен мандат завршува на 31 декември.

Адамс се смета за силен лидер: тој е поддржувач на работничката класа и борец против расната неправда, остар против криминалот и пријателски настроен кон големите бизниси.

Како градоначалник на повеќе од осум милиони луѓе, тој ќе го надгледува најголемиот градски буџет во Америка, најголемата полиција и најраспространетиот државен училишен систем.

„Ова е град во кој градоначалникот е доминантна политичка сила. Потребен ви е некој кој знае да користи авторитет“, рече Мичел Мос, професор по урбанистичко планирање на Универзитетот во Њујорк, опишувајќи ја Де Бласија како понекогаш „неодлучна“.

„Адамс ја има личноста што ја сакаат њујорчаните во канцеларијата на градоначалникот. Некој кој ќе биде видлив, кој ќе биде во заедниците и ќе доаѓа на работа рано наутро“, додаде Мос.

Ќе се соочи со безброј предизвици, првенствено заживување на економијата во Њујорк по кризата со коронавирус, која уби повеќе од 34.000 жители и затвори стотици илјади бизниси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот