Ердоган: Заканите нема да не одвратат од потрагата за ресурси

EPA-EFE/STR

 Никакви закани не можат да ја одвратат Турција од намерата во источен Медитеран да трага по наоѓалиштата на природни ресурси, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека Анкара очекува актерите во регионот да преземат чекори за смирување на тензиите.

– Турција е одлучна до крај да бара исполнување на своите права во источен Медитеран и никаква колонијалистичка сила или закана не може да не одврати од трагањето за изворите на нафта и природен гас, за кои оценуваме дека постојат во регионот, истакна Ердоган.

Тој додаде дека Турција сака спорот да биде решен со дијалог и по дипломатски пат.

Два турски истражувачки брода се наоѓаат во водите на источен Медитеран, на кои, освен Турција и Грција и Кипар тврдат дека имаат право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот