Ердоган: За две до три недели ќе го успориме пренесувањето на вирусот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уверен е дека неговата земја ќе го успори пренесувањето на коронавирусот во рок од две до три недели.

Ердоган, во телевизиско обраќање, истакна дека е уверен оти Турција ќе ја надмине епидемијата на коронавирусот „за најкраток можен рок, со најмала можна штета“, пренесува „АП“.

Турскиот министер за образование Зија Селчук најави дека во Турција сите улилишта ќе бидат затворени до 30 април поради епидемијата на коронавирусот, но рече дека ќе биде овозможено учење од дома во тој период, додава „Ројтерс“.

Во Турција досега 44 лица починаа од последиците на коронавирус, додека 1.972 лица се заразени.

Ердоган, меѓутоа, додаде дека се надгледува здравствената состојба на уште 53.000 лицца, кои се наоѓаат во своите домови, и 8.554 лица во болниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот