Ердоган: Во Газа сме сведоци на масакр како геноцидот во Сребреница

Реџеп Таип Ердоган / Фото EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Израел ќе одговара за злосторствата во Појасот Газа, кои ги спореди со геноцидот во Сребреница.

– За жал, денес во Газа и на окупираните палестински територии сме сведоци на сличен масакр каков што беше извршен пред очите на целиот свет во Босна и Херцеговина во 90-тите, истакна Ердоган на средбата во Истанбул со претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.

Ердоган посочи дека Израел ќе биде кривично гонет за убиствата на повеќе од 41.000 Палестинци во Појасот Газа, вклучително и турскиот активист Ајсенур Езги Ејги, кој беше убиен на Западниот Брег минатата недела.

Сторителите на геноцидот во Газа, како оние во Сребреница во 1995 година, ќе одговараат пред меѓународните судови, наведе Ердоган.

Беќировиќ истакна дека пријателството помеѓу БиХ и Турција е нераскинливо.

– Република Турција е докажан пријател на БиХ и една од најсилните членки на НАТО и затоа, меѓу другото, нејзината поддршка за БиХ е исклучително важна“, нагласи Беќировиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот