Ердоган во БиХ: Џамиите мора да бидат нашиот центар за знаење и култура, во кои слободно можат да одат и оние кои не се муслимани

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска официјално ја отвори реновираната Башчаршијска џамија , која беше обновена од Генералниот директорат на вакуфот на Република Турција.

По завршувањето на верската церемонија, Ердоган изјави дека џамијата требало да биде отворена минатата година, но таа била одложена поради пандемијата на Ковид вирусот .
Турскиот претседател додаде дека џамиите се „центри на знаење и култура“.

“И ние треба да ја доживуваме џамијата како центар за да напредуваме во секоја смисла. Треба да ги носиме нашите деца во џамиите што е можно повеќе. Нашите жени и ќерки треба да ги посетуваат џамиите што е можно почесто . Дури и оние кои не се муслимани , односно припадниците на другите вери, можат да ги посетат слободно нашите џамии “, порача Ердоган.

Поглаварот на Исламската верска заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ, изјави дека е среќен што денеска беше отворена џамијата Башчаршија во присуство на турскиот претседател и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

“Оваа џамија е симбол. Ова се моменти за сеќавање на вакуфот што ја изградил “, рече Кавазовиќ.
Тој му се заблагодари на Ердоган што Турција и помогнала на БиХ за обнова на џамиите.

„Џамиите се наше заедничко минато и наша заедничка иднина. Муслиманите во БиХ, заедно со своите соседи, сакаат да изградат мирна и просперитетна држава”, рече Кавазовиќ, додавајќи дека тоа нема да ги спречи “лошите зборови на лошите луѓе што ги слушаме се почесто “, изјави поглаварот на Исламската заеднца на БиХ.

Инаку Башчаршиската џамија, односно џамијата Хаваџа Дурак, била изградена во 16 век

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот