Ердоган: Владата ќе и помогне на економијата

Вкупниот број на смртни случаи во Турција достигна 4.729.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  денеска изјави дека неговата Влада ќе обезбеди субвенции за зголемување на вработеноста и поддршка на индустријата да го одржи растот на извозот и производството, во услови кога економијата е погодена од корона-кризата.

Во изјавата дадена по состанокот на владата, Ердоган исто така рече дека државата ќе ги олесни мерките за останување дома за оние над 65 години и под 18 години.

Во Турција денеска, според порталот „Ворлдметерс”, се регистрирани 18 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.729.

Во исто време, бројот на новозаразени денеска се зголеми за 993, на вкупно 172.114 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот