Ердоган: Верувам дека разговорите со Грција ќе најават нова ера

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се надева дека продолжувањето на разговорите меѓу Турција и Грција за поморските спорови ќе најави нова ера и ја повика Атина да не ги ескалира тензиите во регионот.

Анкара и Атина вчера соопштија дека се согласиле да ги продолжат долго одложените разговори за спорните офшор права на Средоземното море на 25-ти јануари, што речиси ќе доведеше до конфликт минатата година.

– Ние мора да престанеме да го правиме Медитеранот област за конкуренција и да го претвориме во води што ќе служат на долгорочните интереси, им рече Ердоган на амбасадорите на ЕУ во Анкара.

– Ја повикуваме Грција да се воздржи од активности што ќе ескалираат напнатост. Верувам дека разговорите за истражување со Грција, кои ќе започнат на 25 јануари, ќе најават нова ера, рече Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот