Ердоган вели дека западните мисии „ќе платат“ за затворањето на конзулатите во Турција

Ердоган / Фото: Mehmet Kaman / AFP / Profimedia

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека западните дипломатски претставништва „ќе платат“ за минатонеделното издавање безбедносни предупредувања и привремено затворање на конзулатите во земјата, додека полицијата соопшти дека нема сериозна закана за странците откако 15 осомничени беа приведени поради поврзаност со Исламска држава.

Анкара на 2 февруари ги повика амбасадорите на голем број западни земји на разговори за да ги критикува нивните одлуки за привремено затворање на дипломатските претставништва и издавање предупредувања.

Според турските власти западните земји, вклучително и Германија и САД, не доставиле податоци за да ги поткрепат нивните тврдења за безбедносна закана.

Пред некој ден, нашето Министерство за надворешни работи ги повика сите и им го даде потребниот ултиматум, велејќи им: Скапо ќе платите ако вака продолжи, изјави Ердоган на средбата со млади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот